Фитнес тренер со фотографии „пред и потоа“ и моќен текст потсетува дека бројката на вагата не ја одразува нашата среќа, нашата здравствена состојба или нашата вредност.
Клер Аселборн сподели дека отсекогаш целела да има 60 килограми, но кога ја достигнала таа цифра, воопшто не била среќна. Таа со години се изгладнувала себеси за да ја постигне својата цел, а сега им порачува на другите дека тоа не е правилниот пат.
„Понекогаш читам страници од мојот стар дневник кои ги напишав во 2016 година. Срцето ми се крши кога ќе прочитам колку бев заглавена и колку многу сакав конечно да бидам ‘среќна‘. Она што не го знаев беше дека веќе имав сè што ми треба за да бидам среќна, само не си дозволував да го видам тоа“ – вели таа.
Сега Клер ги охрабрува жените да ја подобрат врската која ја имаат со храната, да бидат силни ментално и да го постигнат физичкиот изглед од соништата.
„Тренирајте затоа што го сакате вашето тело, не затоа што сакате да го казните“ – вели таа.
Ова е мал потсетник за вас денес: Престанете да трчате по бројки, престанете да велите дека ќе бидете среќни со себе кога ќе достигнете одредена телесна тежина или ќе се соберете во облека со одредена конфекциска големина.
Вашата телесна тежина или големина не го отсликува вашето здравје или фитнес ниво. Не ја дефинира вашата вредност или среќата во животот.
Потрошив премногу години изгладнувајќи се себеси и велејќи му „НЕ“ на животот, бидејќи тогаш луѓето сè уште имаа мислење дека жените треба да бидат тенки, без облини и дефинитивно не треба да бидат мускулести. Но, дозволете ми да ви го кажам ова: „Не вредеше“.
Кога ја постигнав мојата „цел“, животот ми се распадна. Конечно тежев 60 килограми, можев да се соберам во фармерки со број 36 и покрај тоа, не бев среќна со она што го имав и со личноста којашто бев.
Фитнесот треба да биде забавен, да уживате во она што го правите, да станувате посилна и подобра личност секој еден ден. Треба да прави да се чувствувате ДОБРО.
Никогаш не се фокусирајте на вашата тежина, туку фокусирајте се на здравјето, мајндсетот, нивото на енергија, уживањето додека вежбате, нивото на глад и на целокупната добросостојба.
Тренирајте затоа што го сакате вашето тело, не затоа што сакате да го казните.
На сите кои ја следат на социјалните мрежи, Клер им порачува:
„Престанете да чекате да дојде 2022 година за да започнете и направете промени сега. Престанете да се жалите за сегашноста и направете нешто, бидејќи времето минува без разлика на сè“.
„Правете го она што ве прави среќни и следете ги вашите соништа дури и ако луѓето ви велат дека сте луди што си мислите дека можете да ги постигнете тие нешта. Вие сте многу поспособни отколку што си мислите и имате сè што ви е потребно за да ги остварите вашите соништа“.