Дејвид Кодат многу добро знае колку е важно фризурата и брадата да се средени.
Францускиот бербер, кој вообичаено работи со славни личности, му го трансформираше изгледот на бездомник и стана хит на Tik Tok.
И самиот Кодат во минатото немал свој дом, па сега бара начини да ѝ возврати на неговата заедница за шансата која му била дадена.
„Со моето семејство, имавме многу тешки моменти кога бев мал. И ние бевме бездомни. Секогаш си повторував во главата дека никогаш нема да ги заборавам тие моменти. Дел сум од добротворна организација и секоја недела вршиме дистрибуција на храна за бездомните луѓе, а јас добив идеја да им ги понудам моите услуги“ – вели тој.
„Средувањето на косата на бездомните личности ми дозволува да си ја задржам главата на рамена и да се потсетам низ што сум поминал“ – додава Дејвид.
Видео
@davidkodatofficial Haïr transformation ##fyp ##pour ##SingapoReimagine ##foryoupage ##hairtransformation ##barber ##fypchallenge ##tiktok ##homeless ##satisfying
♬ Moulaga - Heuss L'enfoiré