Почетна » Новости » Занимливости » Почина „таткото на Nutella“: Франческо Ривела го напушти овој свет на 97-годишна возраст

Почина „таткото на Nutella“: Франческо Ривела го напушти овој свет на 97-годишна возраст

Светот се збогува со Франческо Ривела.

„Таткото на Nutella“ го напушти овој свет на 97-годишна возраст, на Денот на вљубените, 14 февруари 2025 година. Ривела го помина најголемиот дел од својот живот во експериментирање со состојките и одигра клучна улога во развивање на иконски производи како Kinder и Ferrero Rocher.

Франческо Ривела

Франческо студираше броматологија пред да се вработи во Ferrero во 1952 година. На 25-годишна возраст, тој започна да работи во хемиската лабораторија на компанијата, а со своето знаење придонесе да се создадат вкусот и текстурата на многу вкусни производи на Ferrero.

Франческо Ривела

Првоначалната верзија на слаткиот крем од лешник Nutella започнала да се продава во 1946 година под името Giandujot. Подоцна, композицијата на производот била модифицирана и тој бил преименуван во Nutella. Првата тегла од него ја напуштила фабриката на 20 април 1964 година, а производот веднаш станал хит.

Франческо Ривела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.