Кога си љубител на трчањето, сакаш тоа да биде дел од секое поглавје од твојот живот. Таков пример е Линдзи Снајдер.
Идната невеста ги замоли своите пријателки наместо моминска забава со алкохол и музика, да прослават пред нејзината свадба со тоа што ќе истрчаат полумаратон заедно.
„Што правиш по моминска забава? Се одмараш и се опоравуваш, така? Што правиш по моминска забава со полумаратон? Се одмараш и се опоравуваш“ – со насмевка велат Линдзи и нејзината пријателка Кајла.
Додека трчала, Линдзи постојано го носела својот невестински превез на главата, а целата патека којашто ја поминаа била надополнета со фотографии од неа и од врската со нејзиниот партнер.
Линдзи и нејзините пријателки носеа специјално изработени маички и белегзии.
„Кога и да трчаш со група луѓе, вие сте заедно со километри и часови. Така започнуваш да ја споделуваш твојата животна приказна со нив. Затоа, многу од жените кои беа таму имаа слушнато за скршени срца, за запознавање на нови луѓе и за свршувачка. Сметав дека ова е одличен начин да прославам со луѓето кои беа со мене од почетокот на мојата врска со денес. Затоа ова беше многу специјално за мене“ – сподели Линдзи.