Малите деца честопати се засрамени доколку треба да носат очила за вид или фиксни протези, бидејќи сметаат дека ќе бидат исмејувани од соучениците.
Детенце од Арканзас, кое поради влошен вид морало да носи очила, доби прекрасна поддршка од другарчињата од градинка. Тие организирале забава на која сите носеле очила за да му покажат на пријателчето дека „Очилата се кул“.
Мајката на момчето изјавила дека ова е гест кој никогаш нема да го заборави.