Почетна » Новости » Занимливости » Остварување на сон: Ова е првиот Хрват кој ги има посетено сите 197 земји на светот

Остварување на сон: Ова е првиот Хрват кој ги има посетено сите 197 земји на светот

Кристијан Иличиќ конечно си го оствари детскиот сон и се запиша во историјата како прв Хрват кој ги има посетено сите 197 земји од светот.

Популарниот блогер од Загреб си ја постигна целта откако стапна на Шри Ланка на почетокот од месецов. Тој сподели фотографија оттаму и напиша:

Кристијан Иличиќ

Шри Ланка! 197/197!

Денес станав првиот Хрват во историјата кој патувал во сите земји од светот!

За некои тоа ќе биде само број, но ако кажам дека од 8 милијарди луѓе на светот, само на 300 од нив им успеало ова, тогаш тој број е повеќе од само број.

За мене тоа е остварување на еден голем сон кој го сонував уште како дете.

Зад бројот 197 стојат стотици приказни кои сплетоа еден сон. Стотици незаборавни моменти и лекции кои ми помогнаа да растам како човек. Толку животни приказни во кои се изгубив и повторно се пронајдов, кои се вткаени во моето битие, во човекот каков што сум денес.

Во Етиопија ја запознав и убавината и тагата... Авганистан беше земја во која очите широко ми се отворија... Денес на 2 декември 2024 година, стигнав до последната држава која сè уште ја немав посетено: на Шри Ланка, „Солзите на Индија“.

И ќе има солзи. Ќе има многу солзи од среќа, од емоции, од тоа чудно чувство кое те обзема кога ќе сфатиш дека твојот сон стана реалност. Траеше 18 години. На моменти се чинеше сосема неостварливо. Милион пречки, но најдов начини да одам понатаму, да ги поместувам границите...

Ова е почеток на една нова приказна.

На своите патувања, Кристијан честопати е придружуван од својата сопруга Андреа, која му е огромна поддршка.

Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ

„Отсекогаш сакав да патувам, уште до мал. Но, најголема желба да патувам вака како што патував во последните 18 години добив по мојата прва посета на Турција, кога имав 16 години. Тогаш се освестив дека постојат некои други светови од оној кој ми беше познат, дека постојат различни култури кои сакав да ги запознаам“ – вели тој.

Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ

Запрашан која земја му е омилена, Кристијан вели:

„Не можам да издвојам една држава. Сите знаат колку го сакам Авганистан, тоа беше правата држава во која сериозно се изложив на опасност, прва држава во која сфатив колку живееме во предрасуди за другите народи. Ја сакам и Венецуела, таа има посебно место во моето срце. Тука е и Тајланд кој ми е како втор дом...“.

Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ

Најголеми проблеми Кристијан имал во Африка, а никогаш повеќе не би се вратил во Сенегал.

На сите им порачува:

„Немојте да живеете со предрасуди. Не останувајте во комфор зона, бидејќи само надвор од неа можете да растете. Не се откажувајте од вашите соништа, колку и да им се смешни на луѓето околу вас... Како човек кој ги има поминато сите земји на светот можам да ви речам една едноставна вистина – луѓето се секаде луѓе, нема таму во далечината ниту џуџиња, ниту орки. Сите ние сме луѓе“.

Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ Кристијан Иличиќ

ФОТО: Facebook / Kristijan Iličić

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.