Почетна » Новости » Занимливости » Облечете различни чорапи! Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром кој ги слави различностите

Облечете различни чорапи! Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов синдром кој ги слави различностите

Денес облечете си различни шарени чорапи на двете нозе и помогнете во подигнувањето на свеста за Дауновиот синдром.

Секоја година од 2012 година наваму, на 21 март многу луѓе од целиот свет преземаат различни активности за да ја поттикнат инклузијата, да ја подигнат свеста и да ги прослават постигнувањата на лицата со трисомија 21.

Даунов синдром

Се прашувате зошто треба да си облечете различни чорапи?

„Идејата е да се започне разговор. Кога луѓето ќе ве прашаат за вашите чорапи, можете да им кажете дека ги носите да ја подигнете свеста за Дауновиот синдром. Потоа кажете им сè што сметате дека тие треба да знаат во врска со него“ – стои на сајтот креиран по повод овој ден.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Па, ајде сите заедно да започнеме квалитетни разговори за ова нарушување и да пренесеме порака дека сите тие заслужуваат да им се даде шанса да го покажат нивниот потенцијал. На овој ден имаме шанса да направиме промена. Подобра шанса од кој било друг ден.

Како што стои на сајтот на Асоцијацијата за Даунов синдром, низ целата планета лицата со ова нарушување се обесправени. Тие ретко можат да носат свои одлуки, нивниот глас не е слушнат и немаат достап до квалитетно образование, добра здравствена нега, како и шанса да работат и да заработуваат. Заедно, можеме да го промениме тоа.

Голем број родители денес го креваат нивниот глас за да се изборат за подобри услови за живеење и подобар свет за нивните малечки.

Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром Даунов синдром

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.