Британија доби ново женско списание чија идеја е да ги освои жените кои имаат полна фигура.
„Just As Beautiful“ е списание наменето за жените со големина на облека од 14 до 20 (според стандардите во Велика Британија), а неговите уредници цврсто стојат зад ставот да нема слаби модели на неговите страници.
Сите модели коишто ќе ги красат страниците на списанието ќе бидат не послаби од нивната публика и ниту еден дел од телото на моделите нема да биде отстрануван со Фотошоп.
„Just As Beautiful“ ќе содржи статии за мода, готвење и стил на живеење и нема да вклучува совети за диети, но ќе вклучува совети за вежбање.
Сју Томсон, уредничката на списанието, изјавила: „Сакаме нашите читателки да знаат дека не мора да го менуваат својот изглед за да бидат вистински среќни“.
?
Што мислите вие? Дали вакво списание ќе им помогне на жените да се чувствуваат подобро во својата кожа? Или пак само го поддржува нездравиот начин на живот, затоа што постои можност луѓето да започнат да гледаат на дебелината како на нормално нешто и да не преземаат ништо за да се борат против неа?