Специјализираниот центар за органска храна БИОкулт веќе една година успешно се труди да го доближи здравиот начин на исхрана до македонските потрошувачи.
По повод својот прв роденден, БИОкулт го отвори и својот втор продажен центар за органска храна во Градскиот трговски центар Скопје од страната на Соравија.
Советувања, презентации и дегустации на органски производи се активностите кои ќе продолжат и во новиот продажен центар. Со цел подобро да се информира јавноста за органската храна, БИОкулт издава и свое бесплатно тримесечно списание „БИОкулт“, кое содржи совети за здрав живот, објаснувања за органските производи, како и рецепти како да се подготви здрав органски оброк.
Во БИОкулт има широк асортиман од над 2.500 сертифицирани органски производи – органски жита, мешунки, ладно цедени масла, благи и солени намази без конзерванси и бои, чоколада и слатки работи без рафинирани шеќери, природни органски сокови без додаван шеќер, пијалаци од жита, здрава замена за млеко, бебешка храна без конзерванси, природна козметика без парабени, средства за чистење, прашоци за перење без ензими, хлор и парфеми, погодни за луѓе склони на алергии, специјализирана храна за алергични на глутен и уште многу други органски производи кои овозможуваат здрав живот.
Промотивен текст