Многумина од нас купуваат костими за капење привлечени од слаткиот дизајн или од комфорниот материјал. Ретко кој од нас внимава на важноста на боите за безбедно пливање во текот на летото.
Инструкторка по пливање и спасувач споделуваат еден важен совет за сите родители – НИКОГАШ НЕ КУПУВАЈТЕ СИН КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ, туку претпочитајте ги силните бои како неонско розова или неонско портокалова.
Ники Скарнати, инструкторка која се залага за безбедност во вода, намерно ја облече ќеркичката во сино за да покаже колку е тешко под вода да се види дете кое е облечено во оваа боја.
„Поради ова не треба да ги облекувате децата во син костим за капење. Видете колку е тешко да ја видите под вода, а ова е мирна вода, а не вода каде многу други деца играат и се прскаат и се забавуваат. Затоа, не купувајте син костим за капење“ – вели Ники во видеото.
@scarnati.swim Just dont do it! Why think about which bathing suits for the splash pad? Just buy bright ones!! ️ #selfrescue #selfrescueswimming #selfrescueswim #watersafety #drowningpreventionawareness #springhillisd ♬ original sound - Nikki Scarnati
Неодамна се огласи и Вајат Вернет, кој долги години работи како спасувач на плажа. И тој го даде истиот совет како Ники:
„Никогаш не носете син костим за капење – силните бои се секогаш најдобри. Облекувањето на вашите деца во силни бои секогаш ни помага да ги идентификуваме во толпата. Синото се слева со водата, правејќи да е потешко да ги видиме“ – вели тој.
Во 2021 година, компанијата ALIVE Solutions Inc. направи тестирање на костимите за капење и откри дека сините костими не се видливи во вода.
„Двете бои кои за нас одат на последно место се бела и светло сина, а наш топ избор би биле неонска розова и неонска портокалова боја.“
„Иако темните бои се познаваат на светлото дно од базенот, тие често може да се отфрлат како куп лисја, кал или сенка, па стојте подалеку од тие бои кога е тоа возможно. Зголемете ја видливоста... изберете силни и контрастни бои“ – велат од компанијата.
Спасувачот Вернет има и други совети за родителите кога станува збор за пливањето:
- Никогаш не пливајте ако нема спасувач во близина. „Кога сте на плажа, не пливајте далеку од спасувачот. Секогаш обидувајте се да пливате пред него за да може да ве види подобро.“
- Никогаш не влегувајте во вода прво со главата. „Ова е особено важно за непознати извори на вода како океани или езера. Ако не ја знаете длабочината или опасностите кои може да се кријат под водата, побезбедно е да влезете прво со стапалата.“
- Никогаш не правете домашна забава во базенот во вашата куќа без спасувач. „Или не организирајте забава без план за спасување. Ангажирајте некој кој ќе ја набљудува водата и не им дозволувајте на родителите да пијат алкохол или да гледаат во нивните телефони. Уверете се дека има некој кој знае како се прави кардиопулмонална реанимација (CPR), бидејќи несреќи се случуваат.“
- Никогаш не претпоставувајте дека спасувачот ви е дадилка. „Ако децата влезат во базенот, влезете и вие. Ваша работа е да ја гледате водата. Никогаш не ги оставајте децата во базенот кога ќе одите во тоалет или кога купувате храна.“