Лорејн Гирсон докажува дека никогаш не е доцна за да се проба нешто ново во животот. Таа на 80-годишна возраст си го оствари сонот да лета со падобран.
Среќната старица вели дека отсекогаш го сакала тоа, но сега конечно си ја исполни желбата благодарение на програмата „Wish of a Lifetime“ за пензионирани личности.
Лорејн потенцира дека скокањето од авион со падобран не е за секого, но дека чувствуваш мир кога си горе во воздухот.
Видео:
Првата „воздушна“ авантура на Лорејн била пред 24 години, кога летала со воздухопловен балон. Уште оттогаш таа си поставила за цел да скокне со падобран барем еднаш во животот.
@storyful_viral Lorraine Gerson, a Maryland resident, fulfilled a lifelong ambition recently by completing a skydive at the age of 80. #skydive #skydiver #80yearold #bucklist #awesome #cool #foryoupagе ♬ Forever Young - Alphaville