Вин Дизел им приреди изненадување на младенци кое никогаш нема да го заборават.
Холивудскиот актер „упадна“ на свадбената фотосесија на Лејла и Матијас за да им честита и да им посака среќен брак.
57-годишниот глумец позираше со вљубените партнери, а тие бликаа од среќа за овој неочекуван момент. „Сметам дека најдоброто нешто на светот е кога луѓето се обединуваат за љубов“ – им рече Дизел.
Лејла по потекло е од Босна и Херцеговина, а стапи во брак со германскиот актер Матијас Хон. Свадбата се одржа во Минхен.
Во позадината од видеото на Лејла, свири песната „Све је лаж“ од Дино Мерлин.
@matze.lejla an alle die sagen es war nicht der ech#viral#fy#foryou#hochzeit#vindiesel#marriage ♬ Sve Je Laž - Dino Merlin
@matze.lejla Er kam einfach auf uns zu #foryou#hochzeit#vindiesel ♬ Sve Je Laž - Dino Merlin