Почетна » Новости » Занимливости » „Не се откажувајте од вашите соништа“: Баба на 12 внуци доби факултетска диплома на 90 години

„Не се откажувајте од вашите соништа“: Баба на 12 внуци доби факултетска диплома на 90 години

Соништата секогаш се остваруваат за оние кои се подготвени да ги следат.

Анет Роберж, која е мајка на 5 деца, баба на 12 внуци и прабаба на 15 правнуци, доби факултетска диплома на 90-годишна возраст. Таа си го оствари долгогодишниот сон, примајќи ја дипломата заедно со останатите студенти на Универзитетот „Јужен Њу Хемпшир“.

„Беше нереално. Мислам знам дека е реално, ја гледам дипломата на ѕидот, но беше како да сум во свет од соништа“ – рекла таа по добивањето на дипломата.

Анет Роберж Анет Роберж

Анет морала да паузира со студиите откако нејзиниот сопруг бил убиен додека служел во Виетнам. Таа решила дека приоритет ќе ѝ бидат нејзините пет деца и се посветила на грижата за нив.

„Мора да имаш приоритети. Децата се на прво место, па едноставно реков дека ќе ги ставам студиите на пауза и ќе ги завршам некој ден“ – рекла таа.

Анет Роберж Анет Роберж

Тој ден дошол дури откако Анет зачекорила во десеттата деценија од животот и открила дека има доволно кредити за да добие диплома. Таа била поканета од универзитетот да присуствува на церемонијата и добила диплома за својот степен на високо образование.

„Не се откажувајте од вашите соништа. Никогаш, никогаш не сте премногу стари за да учите и ако учите, ќе си ги раширите вашите хоризонти, вашите знаења за она што се случува во светот... Тоа прави подобар свет за вас и за луѓето околу вас“ – рекла Анет.

Анет Роберж Анет Роберж Анет Роберж Анет Роберж Анет Роберж Анет Роберж

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20440 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.