Марџори Фитерман и Берни Литман станаа најстарите младенци во светот.
102-годишната жена и 100-годишниот маж од Филаделфија се венчаа и со комбинирана возраст од 202 година влегоа во Гинисовата книга на рекорди.
Венчавката се одржала во мај во домот за стари лица во кој Марџори и Берни престојуваат по смртта на нивните претходни сопружници.
Тие се поврзале за време на оброците и заедничките активности. Нивната врска траела девет години пред да одлучат официјално да стапат во брак.
Литман бил оженет 65 години со покојната сопруга Бернис. Тие имаат две деца, четири внуци и девет правнуци. Голем дел од нив биле присутни на склучувањето на бракот помеѓу Берни и Марџори. Таа немала свои деца од првиот брак.
Целото семејство било пресреќно што тие успеале да се најдат еден со друг. „Многу сме среќни што се најдоа еден со друг и што си даваат поддршка, особено за време на пандемијата“ – рекла внуката Сара.
„Тие се одржуваат млади еден со друг“ – дополнила таа.