Никогаш не сте престари за да им помогнете на оние на кои им е најпотребна помош, а
Најстариот Австралиец ги минува своите денови во плетење на малечки волнени џемпери за пингвини кои се во опасност. Алфред плете повеќе од 80 години, но неговата хумана дејност започнала во 2013 година. Имено, тогаш Фондацијата за пингвини лоцирана на островот Филип во Австралија ги замолила сите плетачи да сплетат џемпери за колонија од пингвини засегнати од истекување на нафта.
Алфред, кој е и еден од најстарите плетачи на светот, себеси се смета за човек кој не умее да каже „не“, па брзо реагирал на апелот. Тој признава дека тоа многу му помогнало во животот. „Постојано склопувате пријателства, но и не правите будала од себе“ – рекол тој во интервју за Ninemsn.
Од Фондацијата објаснуваат дека плетените џемпери за пингвини имаат важна улога во спасувањето на животите на овие птици. „Остаток од нафта со големина на нокт од палец може да убие мал пингвин. Нафтата ги разделува и ги заплеткува пердувите на пингвините, дозволувајќи низ нив да помине вода. На пингвините им станува ладно, тие се потешки и не можат успешно да ловат за да се прехранат“ – пишува на сајтот на Фондацијата.
Џемперите кои ги плете Алфред со останатите добродушни волонтери помогнале да се спасат 96% од 438-те загрозени пингвини. Нивната функција е да се спречи голтањето на нафта во случај пингвините да се обидат да се исчистат со својот клун, пред активистите да добијат можност да ги искапат.
Вештиот старец нема намера да се откаже од своето хоби. Дејт плете шалови за своите пријатели и малечки капчиња за предвреме родени бебиња. „Сакам да плетам без грешки и не си барам изговори“ – рекол старецот.