Според 14-тото по ред годишно истражување „Famed Hottest Looks“, жените во 2010 година како најпосакувано го посочиле телото на Жизел Бундхен, најпосакуван нос е оној на Натали Портман, а најпосакуваните усни ги поседува Скарлет Јохансон.
Истражувањето било направено од популарните холивудски пластични хирурзи д-р Ричард Флеминг и д-р Тоби Мајер. Тие составиле листа на која се претставени најпосакуваните делови од телата на славните личности.
Најпосакувана коса има Тејлор Свифт, а најпосакувани образи Џенуари Џонс.
Кај мажите, најпосакувано се телото на Марк Волберг, косата на Џон Хем, очите на Хју Џекман, усните на Ештон Качер и образите на Леонардо Дикаприо.
Еве ги и останатите победници:
Тело
Жени: Жизел Бундхен, Џенифер Анистон, Пенелопе Круз
Мажи: Марк Волберг, Чанинг Тејтум, Тајсон Бекфорд
Нос
Жени: Натали Портман, Ема Стоун, Никол Кидман
Мажи: Џад Лоу, Џош Духамел, Бен Афлек
Коса
Жени: Тејлор Свифт, Џенифер Анистон, Ким Кардашијан
Мажи: Џон Хем, Џорџ Клуни, Крис Пајн
Очи
Жени: Ен Хетавеј, Мила Кунис, Меган Фокс
Мажи: Хју Џекман, Џејк Гиленхал, Иан Самерхолдер
Усни
Жени: Скарлет Јохансон, Анџелина Џоли, Кристина Агилера
Мажи: Ештон Качер, Виго Мортенсен, Бред Пит
Брада
Жени: Хали Бери, Кира Најтли, Џенифер Лопез
Мажи: Џон Хем, Џони Деп, Роберт Патинсон
Образи
Жени: Џенуари Џонс, Џенифер Гарнер, Бијонсе Ноулс
Мажи: Леонардо Дикаприо, Џејмс Франко, Вил Смит
Кожа
Жени: Еми Адамс, Кети Пери, Гвинет, Палтроу
Мажи: Нил Патрик Харис, Хајден Кристенсен, Орландо Блум
„Најголемиот тренд што ние го видовме оваа година е тоа што пациентите бараат поприроден изглед. Ако ги разгледате имињата на оваа листа, ќе забележите дека сите тие луѓе изгледаат природно убаво“ – изјавил Мајер.