Почетна » Новости » Занимливости » Најголемото богатство: Жена на чекор до 100-тата година го доби своето 100-то правнуче

Најголемото богатство: Жена на чекор до 100-тата година го доби своето 100-то правнуче

Маргарит Колер од Пенсилванија за неколку месеци ќе го прослави својот јубилеен 100-ти роденден. На чекор до овој значаен ден, 99-годишната бабичка го доби своето 100-то правнуче, а нивната прва средба беше овековечена со фотографии и видео.

Маргарит Колер Маргарит Колер

Погледнете го специјалниот момент:

„Си мислам само колку голема среќничка сум“ – вели Маргарит во видеото.

Во тинејџерските години, Колер имала аплицирано да стане калуѓерка, но нејзиниот покоен сопруг Вилијам ја одвратил од таа идеја. Таа сега има 11 деца, 56 внуци и 100 правнуци.

„Сакав големо семејство. Сметам дека е тешко да се биде единствено дете – тоа е осамено“ – рекла таа.

Маргарит Колер Маргарит Колер

Бебенцето го добило името Колер Вилијам, по неговиот прадедо, кој починал во 2018 година.

Маргарит Колер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.