Почетна » Новости » Занимливости » „Нашата љубов не е иста како порано, се промени на секој начин, но е најголемиот подарок“

„Нашата љубов не е иста како порано, се промени на секој начин, но е најголемиот подарок“

Љубовта во бракот не е секогаш иста како онаа што ја искусуваме на почетокот на врската. Со текот на годините, кога животот со деца, работа и обврски започнува да го обликува нашиот ден, романтичните моменти стануваат сè поретки и поретки, но љубовта е многу поцврста и позначајна.

Блогерката Кели Бачара напиша текст во кој опишува дека вистинската љубов во бракот е многу поголема и посилна од првичната возбуда – таа е изградена врз основа на доверба, посветеност и секојдневни мали гестови на внимание и поддршка.

Семејство

Прочитајте го нејзиниот текст во целост, објавен токму за Денот на вљубените:

Не чувствувам пеперутки во стомакот кога го гледам мојот сопруг, како што чувствував кога првпат се запознавме.

Обично, нашите поздрави по работниот ден вклучуваат две деца кои врескаат и многу гласно куче, А ние си кажуваме „здраво“ низ хаосот.

Не лежам будна навечер со насмевка на лицето размислувајќи за него како што правев кога бевме во фаза на запознавање.

Но, лежам во кревет навечер прашувајќи се дали имаме сè што ни треба за децата, дали сме добри родители и дали му покажувам доволно љубов.

Нашиот живот не наликува на романса која ја гледаме во филмовите, со раскошни состаноци и време само за нас. Така беше кога стапивме во брак.

Сега многу повеќе наликува на чистење на домот, носење на децата на различни места, одржување на домаќинството додека и двајцата работиме и се обидуваме да создадеме најдобар живот еден за друг.

Оваа љубов не е иста како што беше.

Таа се промени на секој можен начин.

Сега е многу, многу позначајна.

Бидејќи тогаш не знаев дека нашата врска ќе биде местото што најмногу ќе го чувствувам како дом.

Местото каде можам да се срушам и знам дека ќе бидам пресретната со прегратка и молитви.

Тоа е знаење дека имам некој на овој свет кој постојано мисли на мојата благосостојба и внимава на мене, а и јас на него.

Тоа е моментот кога тој ми прави супа затоа што ја сакам и ми носи цвеќиња дома затоа што знае дека сум тажна. Јас му го масирам грбот иако сум уморна и всушност не сакам да го правам тоа.

Тоа не е воопшто гламурозно.

Тоа е местото каде најгрдите делови од нас се изложени, широко отворени на масата за да ги видиме и двајцата.

А сепак, се избираме еден со друг.

Тоа е посветеност кон нашиот најдобар пријател да ги поминеме добрите, лошите, забавните и апсолутно ужасните времиња заедно.

Тоа е знаење дека не би сакале никој друг на негово место.

Лудо е, но тоа е вистинска љубов.

Онаква за каква што би умреле.

Тоа е твојата личност за цел живот.

Тоа е најголемиот подарок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.