Надја Сулеман стана баба на 49-годишна возраст.
Самохраната мајка на 14 деца, која во 2009 година ја роди првата осумка којашто преживеа, доби внука од син. Надја сподели фотографија од ногата на бебенцето и напиша:
„Им благодарам на мојот син и на мојата прекрасна снаа што ни го дадоа овој убав дар! Благословени сме што таа е новиот член на нашето семејство! Девојченце ти си многу сакано и со нетрпение чекам да те гледам како растеш“.
Бебето се роди на 30 август, а неколку дена претходно, таа му го честиташе 21-виот роденден на синот Џошуа. Токму во тој пост, таа откри дека тој е таткото на бебенцето.
„Драг, Џошуа, се гордеам со мажот кој стануваш. Ти си паметен, забавен, трудољубив, лојален, посветен сопруг и наскоро ќе станеш татко. Среќен роденден мое третородено ‘бебе’“ – напиша таа.
Сулеман веќе имаше шест деца кога ја роди својата осумка пред 15 години. Осумте бебиња беа зачнати со инвитро.
Таа денес има 10 сина и 4 ќерки.