Почетна » Новости » Занимливости » „На ваша страна“: 1 лајк = донација од 5 денари

„На ваша страна“: 1 лајк = донација од 5 денари

Стопанска банка АД - Скопје ја поддржа интересната хуманитарна акција на Facebook. Имено, за секој „лајк” кој ќе го кликнете на Facebook страницата „На ваша страна”, банката одвојува 5 денари за хуманитарни цели. Колку повеќе расте бројот на „лајкови“, толку повеќе средства ќе се донираат. Затоа, вие едноставно „лајкнете“ ја страницата наречена „На ваша страна”, а Стопанска банка АД - Скопје ќе ги донира средствата во ваше име и тоа за хуманитарната цел која вие ќе ја одберете.

Сѐ е во ваши раце или подобро кажано во вашите палци од „лајковите”. Оваа акција е поразлична од другите затоа што вие ја имате моќта со „лајк” да помогнете и да ја покажете вашата хуманост.

Еден лајк е една донација! Лајкнете тука:

На крајот на акцијата заедно ќе одлучиме каде ќе ги донираме сите собрани средства од вашите лајкови. Дали тоа ќе бидат училиштата за деца со посебни потреби, институции за деца без родители или институции кои се грижат за хендикепирани лица. За тоа одлучувате вие од кои ги очекуваме предлозите за донација.

1 лајк = 5 денари донација

Дополнително, на Facebook страницата „На ваша страна“ ќе имаме можност да се забавуваме, наградуваме и да споделуваме интересни семејни приказни, авантури од патувања и импресии од актуелни културни и спортски збиднувања.

Сега вашите лајкови вредат! Донирајте додека сте на Facebook и одлучете каде ќе бидат подарени сите собрани средства.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.