Почетна » Новости » Занимливости » На 99 години бара развод, дознал дека жена му го изневерила пред 60 години

На 99 години бара развод, дознал дека жена му го изневерила пред 60 години

Италијански пар ќе стане најстариот пар којшто стигнал до развод, откако 99-годишниот сопруг дознал дека неговата 96-годишна сопруга го изневерила пред повеќе од 60 години.

Возрасниот Италијанец пред Божиќ разгледувал стари нешта низ ковчег со мали фиоки, кога открил љубовни писма кои неговата сопруга му ги пишувала на својот љубовник.

Љубовни писма

Италијанецот, идентификуван само како Антонио, погоден од предавството, веднаш се соочил со својата сопруга Роза. Таа признала сè, но не можела да го убеди својот сопруг да се премисли за разводот.

„Сопругот реши да побара развод откако ги откри писмата. Се чувствува предаден и чувствува дека не е во можност да го продолжи бракот кој трае 77 години“ – изјавила адвокатката Ана Орекиони.

Антонио и Роза се во брак 77 години, имаат пет деца, 12 внуци и едно правнуче. Аферата била последната капка која ја прелеала чашата, бидејќи парот и претходно имал проблеми во бракот. Пред 10 години Антонио кратко време ја имал напуштено семејната куќа и живеел со еден од своите синови.

Кога разводот ќе биде финализиран, парот може да го земе рекордот за најстари лица кои се развеле. Моментално овој рекорд го имаат Британците Берти и Џеси Вуд кои се разведоа кога двајцата имаа по 98 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.