Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на шминката: Мејкап артистка ѝ го трансформираше изгледот на 85-годишна жена за роденденот

Моќта на шминката: Мејкап артистка ѝ го трансформираше изгледот на 85-годишна жена за роденденот

Шминката несомнено има моќ целосно да го трансформира надворешниот изглед.

Алесија Жуберт постојано го докажува тоа со своите мејкап промени кои им ги прави на своите клиентки. Талентираната мејкап артистка стана вирален хит откако ѝ го трансформираше изгледот на жена која го славеше својот 85-ти роденден.

Алесија Жуберт

Во видеото, Алесија прво покажува како изгледа нејзината клиентка без шминка, а потоа ја покажува нејзината мејкап трансформација. Таа не може да престане да се радува кога ќе се види во огледалото.

„Нејзината реакција? Остана без зборови, на најдобриот можен начин. За нас беше вистинска награда да ја гледаме како зрачи со радост и самодоверба. Годините се само бројка, а убавината не познава граници. Оваа трансформација докажува дека никогаш не сте премногу стари за да се чувствувате гламурозно и да бидете подготвени да блеснете“ – пишува Алесија.

Ова не е прва ваква трансформација на Жуберт, која постојано ги изненадува жените кои го посетуваат нејзиното студио. Таа во моментов работи во Јужноафриканската Република.

Алесија вели дека била многу несамоуверена тинејџерка и дека со помош на професионалец за разубавување се трансформирала од „грдо пајче“ во личност со самодоверба на „лебед“.

„Кога и да шминкам некој клиент, се враќам во моите тинејџерски денови. Се сеќавам на денот кога се чувствував навистина убава и кога можев да ги гледам луѓето право во лице со мојата нова самодоверба. Тоа неверојатно чувство на самопочит е многу повеќе од шминка и фризура и моја мисија е да им го пренесам тоа чувство на другите преку моите услуги“ – стои на сајтот на Алесија.

Алесија Жуберт Алесија Жуберт Алесија Жуберт Алесија Жуберт Алесија Жуберт Алесија Жуберт Алесија Жуберт
Watch on TikTok

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24410 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.