Победничката на Мис Канзас стана вирален хит на социјалните мрежи со шокантното признание на сцената.
За време на финалните прашања, од Алексис Смит било побарано да ја сподели својата визија како следна амбасадорка на организацијата „Мис Канзас“. Со силни емоции, 25-годишната натпреварувачка рече:
„Мојата визија како следна Мис Канзас е да ги елиминирам нездравите и насилни врски. Некои од вас во публиката ме видоа многу емотивна, затоа што мојот насилник е тука денес. Но, тоа нема да ме спречи да застанам на оваа сцена на Мис Канзас, бидејќи јас и мојата заедница заслужуваме здрави врски. Заслужуваме живот без семејно насилство“.
Respect Reclaimed!
— Alexis Smith, Miss Kansas (@MissAmericaKS) July 16, 2024
Our time is now for healthy relationships.#MissAmerica #ThereSheIs #Pageants #RespectReclaimed #MissKansas pic.twitter.com/npejBb6CCs
Откако победи на натпреварот за убавина, Смит објасни:
„Ноќта кога се одржуваше Мис Канзас, мојот живот доживеа неочекувана пресвртница, кога некој од кого закрепнувам се обиде да ми го наруши мирот. Наместо да замолчам, избрав да ја живеам мојата визија за подобар свет. Си ја вратив моќта, не само за мене, туку и за моите соништа и за сите што гледаа и слушаа“.
Многумина ја нарекоа Смит „вистинска кралица“ и „инспирација“ и ѝ се заблагодарија за смелоста да зборува против насилството.