Почетна » Новости » Занимливости » Момче од Босна и Херцеговина за првпат ја скрати косата на седум години и ја донираше за болни дечиња

Момче од Босна и Херцеговина за првпат ја скрати косата на седум години и ја донираше за болни дечиња

Кристијан Кусоњиќ за првпат си ја скрати косата на 7-годишна возраст, а со тоа направи и добро дело.

Малото момче од Босна и Херцеговина ја донираше косата во Здружението за родители на деца со малигни болести „Искра“ во Бања Лука. Прамените ќе бидат наменети за изработка на перики за мали пациенти кои ја изгубиле косата поради хемотерапиите.

Кристијан Кристијан

За „Kozarski vjesnik“, неговиот татко изјавил дека Кристијан од раѓање бил борец. „Како бебе беше префрлен во Бања Лука поради проблем со дишните патишта и беше на респиратор 13 дена. Сето тоа беше многу тешко за нас. Секој ден му се заблагодарувам на Бог што го чуваше и што нам ни подари вакво дете. Ова е најмалку што можеме да направиме за децата на кои им е потребна косата. Немам зборови со кои можам да опишам колку се гордеам со син ми“ – рекол таткото Даниел.

Кристијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.