Почетна » Новости » Занимливости » Момент кој се случува еднаш во животот: 11:11:11 11.11.11

Момент кој се случува еднаш во животот: 11:11:11 11.11.11

Денешниот датум според многумина е многу специјален. Денес, на 11 ноември 2011, во точно 11 часот 11 минути и 11 секунди датумот и времето може да се запишат како 11:11:11 11.11.11, настан кој најголем дел од луѓето ќе го доживеат само еднаш во животот.

Така запишаниот датум е палиндром со една цифра – тоа значи дека се чита исто и од лево и од десно.

Близначките Бетси и Кати ОуверменБлизначките Бетси и Кати Оувермен денес ќе наполнат 11 години

Некои веруваат дека овој ден носи многу среќа и промени на подобро. Огромен број на млади парови го избраа овој ден за да го кажат судбоносното „Да“. Во некои земји како Јужна Кореја значително е зголемен бројот на бремени жени кои со царски рез сакаат денот на раѓање на нивните деца да е 11.11.11. Корејските медиуми известуваат дека во болниците со 20% е зголемен бројот на закажани породувања со царски рез.

Во Кореја 11 ноември веќе е значаен и поради друга причина – познат е како Најслаткиот ден, корејска верзија на Св. Валентин.

Холивуд овој ден ќе го одбележи со премиерата на филмот „11.11.11“, кој раскажува приказна за Американец кој е прогонуван од бројот 11.

Последниот пат вакво поклопување на броевите се случило на 11 ноември 1911 година. Тој ден е запаметен поради екстремната промена на температурите во САД и е наречен „The Great Blue Norther“. Тогаш, многу градови во САД во претпладневните часови измериле рекордно високи температури, а до вечерта температурата екстремно опаднала. Во Канзас утрото температурата била 24°C, а до полноќ достигнала -11,7°C, т.е. разлика од 35°C за само 14 часа.

Бројот 11.11.11 е класичен случај на апофенија, човечка потреба или желба да се пронаоѓа врска или поврзаност во сосема случајни нешта, како на пример одредени форми и облици во облаците или пак гледање на лица во компири или дрва.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.