Почетна » Новости » Занимливости » Мистериозен маж раздавал пари во супермаркет пред Божиќ

Мистериозен маж раздавал пари во супермаркет пред Божиќ

Вистински Дедо Мраз ги изненадил купувачите во супермаркет во Англија откако им разделил пликови со банкноти од 50 фунти.

Мистериозниот маж им ги ставал пликовите во кошниците и количките за пазарење на произволни луѓе и повеќето од нив си помислиле дека се работи за некаква промоција.

Заедно со банкнотата тој им оставал и писмо со кое им посакал среќен Божиќ и им објаснил дека не се работи за шега.

Писмото од мистериозниот човекПисмото од мистериозниот човек

„Среќен Божиќ. Неодамна имав доволно среќа да дојдам до поголема сума пари, повеќе отколку што ми требаат за мене и за моето семејство. Па, си помислив да споделам дел од нив со други луѓе – приложените 50 фунти се за вас. Се надевам дека ова ќе ви овозможи да имате дополнителна радост овој Божиќ.

Не треба да правите ништо, освен да ги потрошите парите. Ова е реално, нема трик, нема скриена камера или замка. Само имајте среќен Божиќ“ – пишувало во писмото.

Повозрасен пар кој добил ваков плик помислил дека некој се шегува. Ја зеле банкнотата и ја однеле во нивната банка, каде што им потврдиле дека е вистинска. Тие изјавиле дека таинствениот маж се движел брзо и поради тоа немале време да го прашаат што има во пликот. „Тој само ни се насмевна, ни посака среќен Божиќ и продолжи понатаму. Сигурен сум дека раздаваше други пликови. Тоа е толку неверојатен гест. Пликот беше бел и за малку ќе го фрлевме, но среќен сум што не го направивме тоа“ – изјавил пензионер кој добил еден од пликовите.

Неговата сопруга, која е во 70-тите години, од животот дополнила: „Многу сме му благодарни на овој маж за убавиот подарок. Не се работи само за парите. Тој ни покажа дека постојат луѓе кои се искрено добри и несебични, и кои знаат дека има позначајни работи во животот од парите. Не можевме да смислиме друг начин за го контактираме, па решивме тоа да биде преку медиумите.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.