Алма Купер е новата Мис САД. Мисицата од Мичиген беше крунисана синоќа на свеченост која се одржа во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес.
Купер ќе ги претставува Соединетите Американски Држави на изборот за Мис Универзум во ноември оваа година.
Моментот на прогласување на победничката
Изборот за Мис САД 2024 се одржа само три месеци откако минатогодишната победничка Ноелија Војт се откажа од титулата за да го заштити своето ментално здравје.
Ноелија објасни дека по крунисувањето постојано била подложена на малтретирање од главните лица во организацијата на Мис САД.
Војт вели дека ѝ била дијагностицирана анксиозност и дека сега прима по две лекарства дневно за да ги намали симптомите кои ѝ се појавиле како последица на секојдневното малтретирање од страна на директорката Лејла Роуз.
Два дена по оставката на Мис САД, од круната се откажа и Мис тинејџерка на САД.