Мајка заедно со своите ќерки создадоа спомен кој ќе трае вечно.
Тери Бонин од Тексас секој месец одела на вечера со четирите ќерки и двете снаи, но последното излегување, тие одлучија да го направат уште позабавно.
Седумте дами ги облекоа нивните невестински фустани и уживаа во убавото женско друштво и во одличната храна.
„Одлучивме дека најскапите фустани кои ги поседуваме заслужуваат да бидат носени повеќе од еден ден во нашите животи“ – напиша Алексис во видео на Instagram.
Само 18-годишната ќерка Кејт не била омажена, па си купила фустан специјално за оваа пригода.
„Мојот омилен дел беше што направивме спектакл и што лудувавме со моите девојки. Дефинитивно создадовме спомен кој ќе трае доживотно“ – изјавила Тери.