Виолета е мајка од Литванија која ги „оживува“ детските цртежи. Фасцинирана од имагинацијата на децата таа создава плетени играчки инспирирани од необичните животни и уникатните ликови кои тие сликовито ги прикажуваат на хартија.
Нејзините дела ги радуваат креативните дечиња. „Ја сакам детската имагинација и забавно ми е да ги создавам овие играчки за нив“ – пишува Виолета.