Кирсти Инграм направи вистинска трансформација на својот изглед. Упорната мајка на две деца ослабе 50 килограми со здрава исхрана и сега е пресреќна што одлучила да го направи тој чекор.
37-годишната жена од Шкотска покачила многу килограми со двете бремености, па по раѓањето на второто дете одлучила да внесе промена во својот живот која ќе ѝ донесе вистински резултати.
Таа се вклучила во организацијата „Slimming World“, која им помага на мажите и жените кои сакаат да ослабат. Со нивна помош, Кирсти научила како да готви поздрава храна и да се храни балансирано.
На 30-годишна возраст, Кирсти достигнала 120 килограми, а денес нејзината вага покажува 71 килограм. „Мојот однос кон храната комплетно се промени. Никогаш не бев на диета, туку го збогатив моето познавање за храната. Како да купувам, како да готвам и како да јадам поздрави нешта“ – вели таа.
Инграм неодамна откри дека си направи операција за остранување на вишокот кожа.
„Најдоброто време за нови почетоци е сега. Со одлучност и упорност можеме да постигнеме сè!“ – пишува Кирсти, која ги споделува резултатите со фотографии „пред и потоа“ на Instagram.