Меган Кол е блогерка која ја прикажува реалноста по породувањето и не наметнува нереални слики за тоа како треба да изгледа женското тело по раѓањето на бебе.
Таа споделува фотографии и видеа во кои го разголува стомачето недели по доаѓањето на нејзиното трето дете на овој свет.
„Животот е премногу краток за да се срамите од вашето тело, особено откако тоа направи нешто толку чудесно како растењето на бебе. Сакајте ги брчките, сакајте си ги стриите и излезете и живејте!“ – порачува таа.
Меган вежбала во текот на цела бременост, но и покрај тоа нејзиното тело инстантно не се вратило во форма.
Кол апелира жените да не се споредуваат со другите мајки кои ги гледаат на социјалните мрежи и да го сакаат секој дел од телото кое тукушто донесе нов живот.
„Наместо да се омаловажуваме за вишокот килограми кој го имаме, можеме да бидеме горди на него. Забележав дека на социјалните мрежи главната цел по породувањето е како да се вратиме во форма, а тоа за многу жени не е реално. Носеше бебе девет месеци, помина низ породување, што е едно од најтешките нешта низ кои ќе поминеш. По породувањето, треба да се грижите за своето тело и да заздравите. На социјалните мрежи сакав да бидам гласот на сите тие мајки кои не ја гледаат оваа страна на постпартумот, каде мајката може да си го сака вишокот кожа. Ментално е многу тешко кога имаш новороденче, една од најлошите нешта кои можеш да ги направиш е да се омаловажуваш себеси и да не си го сакаш телото. Тукушто помина низ едно од најмагичните и најсветите нешта кои една жена може да ги искуси. Сметам дека треба да го славиме секој дел од постпартумот“ – вели Кол.