Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги чувала украсите од сите родендени на ќерката, ѝ создаде носталгична торта за 18. роденден

Мајка ги чувала украсите од сите родендени на ќерката, ѝ создаде носталгична торта за 18. роденден

Креативна мајка со носталгична торта ја израдува ќерката на 18-тиот роденден.

Ешли Депјути ги чувала топерите од сите роденденски торти на ќерката Габи низ годините и кога таа правела 18 години, ја изненади со носталгична слатка креација. Таа ја декорираше нејзината торта со сите зачувани топери низ годините, а резултатот го објави во видео на TikTok кое стана хит и ѝ донесе само пофалби.

Ешли Депјути Ешли Депјути
@shewassweetlikehoney87 #babygirl #ideas ♬ im obsessed -

Како и секоја мајка, Ешли со големи емоции го дочекала овој момент.

„Плачев додека ги вадев. Се борев да не плачам додека ги поставував на тортата со Габи. Плачам секојпат кога ќе видам фотографии или видеа. Ми врати многу спомени. Децата растат многу брзо и многу се менуваат. Беше кул и емотивно да го видам сето тоа на торта“ – рекла таа.

Ешли Депјути

„И мојата мајка го има направено ова. Ги имам сите топери од 1 до 21.“

„Колку сладок спомен.“

„Го крадам ова од тебе, само што јас имам 40 години.“

„По ѓаволите, и јас требаше да се сетам на ова“ – се само дел од коментарите.

Ешли Депјути

Уште од самото раѓање на нејзините ќерки, Ешли знаела дека ќе направи сè што може за тие да имаат специјални роденденски забави. На секоја од нив, таа избирала посебна тема и внимателно ги планирала деталите. Секој роденден, пријателите на нејзините ќерки се потпишувале на специјални подлоги, кои таа со фотографии ги изложила за 16-тиот роденден на Габи.

„Нејзините пријатели уживаа додека минуваа низ нив и ги пронаоѓаа своите потписи од забавите на кои присуствуваа“ – рекла Ешли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.