Лина Богданоска од Битола покажува дека најмалите меѓу нас понекогаш имаат најголеми срца.
Слатката хуманитарка без размислување ја донираше косата на невладината организација САНО, која неодамна започна акција за да им помогне на дечиња болни од рак, под името „Донирај ја својата коса и стани нечиј херој“.
Лина воопшто не се двоумела кога нејзината мајка Билјана ѝ ја дала идејата и со нетрпение чекала да пристигне моментот кога ќе оди на фризер.
„Кога ѝ ја предложив на Лина оваа идеја, без двоумење прифати. Дури и ги броеше деновите и саатите кога ќе оди на фризер. Ми рече: ‘Мама, коса е, ќе порасне, зошто некој да не направам среќен?’“ – изјави Билјана за Фемина.мк.