„Понекогаш силата доаѓа кога знаеш дека не си сам...“ Нераскинливата врска помеѓу трите ангелчиња, кои на рана возраст извојуваа победа над ракот, до
Пред 10 години, фотографија од трите девојчиња Риен, Ејнсли и Рајли, кои тогаш страдаа од различни форми на рак и беа фотографирани прегрнати, стана вирална. Денес, една деценија подоцна, малите хероини позираа повторно заедно и докажаа дека се посилни од сè.
Фотографиите се направени од фотографката Лора Скантлинг, која вели:
„Кога оригиналната фотографија го обиколи светот, почнав да добивам пораки од поединци кои беа подготвени да се откажат, а штом ја виделе фотографијата, решиле да продолжат да се борат. Тоа значеше многу. Добивав многу пораки со прашања за состојбата на девојчињата, па сите беа среќни кога ги објавив новите фотографии и кога видоа дека сите се добри.“
„Сите три девојки имаа различни патувања. Риен, која сега има 16 години, се бори со ракот и со неговите ефекти повеќе од една деценија. Таа има потреба од дресирано куче поради компликации од хемотерапијата и зрачењето, но сака да кугла. Рајли, која сега има 13 години, го победи Вилмсовиот тумор во петти стадиум. Сега е многу активна, игра многу спортови на училиште и сака да биде педијатриска медицинска сестра кога ќе порасне.“
„15-годишната Ејнсли е возбудена што ќе започне деветто одделение. Иако е талентирана пејачка и актерка, амбициозната млада девојка всушност сака да студира радиологија и психологија за да им помогне на другите деца“ - открила Лора.
Низ годините, фотографката Лора неколкупати ја пресоздаваше фотографијата со трите ангелчиња.