Дечињата уште од најмала возраст учат за сочувство и емпатија. Малата Саве од Струмица е пример за тоа.
Добродушното девојче за првпат ја скрати својата коса за да ја донира за дечиња болни од рак, кои својата ја изгубиле поради силните хемотерапии.
Фотографиите од Саве ги сподели „Струмица Денес“. „Желбата на малата Саве од Струмица е исполнета – ја чува својата коса од раѓање за да ја донира на децата болни од рак“ – стои на објавата.