Македонските ракометари го завршија последниот, но најзначајниот натпревар на Европското првенство. Во Белградската Арена Македонија ја порази Словенија со еден гол разлика и успеа да го освои 5. место, а воедно и да си обезбеди место во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри.
Феноменалната игра на нашите ракометари предводени од Лазаров ѝ донесе на Македонија историски пласман.
Убедливото водство од четири гола разлика на крајот на првото полувреме ни даде можност да го почувствуваме вкусот на победата. Но, лицата на македонските навивачи изгледаа загрижени кога противничкиот тим започна силна игра во почетокот на второто полувреме.
Сепак, драматичниот почеток на втората половина од натпреварот уште повеќе го зголеми победничкиот дух на нашите спортски херои и ги поттикна да се покажат во најдобро светло.
Иако играа со намалена поддршка од трибините, ракометарите дадоа сè од себе за да ги израдуваат бројните навивачи кои еуфорично навиваа пред малите екрани.
Победата ја крена на нозе цела Македонија! Честитки за нашите ракометари!