Откако останал без работа на почетокот од пандемијата и бил принуден да се врати во домот на неговите родители, Крег Корднир наишол на генијална идеја.
27-годишниот младич од Масачусетс разгледувал на социјалните мрежи трансформациии на стари автобуси во прекрасни домови, па одлучил да го направи истото, бидејќи не можел да си дозволи да купи свое живеалиште.
Во мај 2020 година, тој купил голем училиштен автобус од 1999 година за 16.000 долари и започнал со работа. По 200 дена, автобусот бил комплетно обновен и претворен во луксузен дом со соларни панели, водовод, електроника и сè што е потребно за живеење. На покривот, Крег направил и подиум за 10 лица за забави и собири со семејството.
„Идејата дојде додека седев на каучот во домот на моите родители и го подготвував моето резиме за да аплицирам за работа која не ја сакам, за многу помала плата отколку што заслужувам. Зошто да работам 39 години работа која не ја сакам за да заработам пари кои не ми се потребни, само за да се пензионирам, да изнајмам кампинг возило и да го видам светот кога ќе имам 65 години? Скратив 39 години од планот, купив училиштен автобус и започнав да го градам ова.“
„Тие 200 дена кои ги поминав во правење на автобусот ме научија многу повеќе за мене, за животот, смртта, работата, соништата и способностите на човечкиот дух од сè што сум можел да замислам“ – рекол тој.
Откако го создал домот од соништата, Крег запознал специјална девојка со која сега очекува бебе.