Секој од нас барем еднаш го има гледано цртаниот филм „Заспаната убавица“, а сигурно се сеќава на роденденската торта која трите самовили се обидоа без магија да ѝ ја направат на Аурора.
Повеќекатната торта беше пресоздадена во реалниот живот од маж кој сакаше да ја изненади својата сестра за нејзиниот 26-ти роденден.
Брендон искористи и метла за да го направи слаткото изненадување идентично како во популарната бајка.
Фотографиите деновиве се распространија на интернет, по што Брендон откри дека се од минатата година.
Оваа година, Британи за роденденот доби торта направена со малку „самовилска магија“.
„Оваа година, самовилите си ја научија лекцијата и користеа магија за да ја направат тортата“ – напиша Британи.