Љубовта не познава граници... ниту пак цена.
Маж од Дубаи ѝ купил на саканата приватен остров за таа да може да се релаксира во бикини, знаејќи дека е безбедна.
Познатиот милионер Џамал Ал Надак платил 50 милиони долари за да ѝ овозможи целосна приватност на саканата Соуди. Веста дека добила свој остров, популарната блогерка ја сподели на Instagram.
Соуди објави видео во кое го покажува островот и напиша:
„Сакаш да носиш бикини, па твојот сопруг-милионер ти купува остров.“
„Ова беше најдобрата инвестиција досега.“
@soudiofarabia This has been his best investment yet #millionaire #couple #island #ksa ♬ Habibi (Albanian Remix) - Ricky Rich & Dardan
Подоцна, во интервју, Соуди рекла:
„Тоа е нешто што долго време сакавме да го направиме како инвестиција. Мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажа и токму затоа и го купи островот.“
Парот не ја открива точната локација на островот сакајќи приватност и безбедност.
„Поради причини поврзани со нашата приватност не ја споделуваме точната локација на островот, но тој се наоѓа во Азија и чини 50 милиони долари“ – рекла Соуди, која себеси се опишува како домаќинка со полно работно време.
Соуди е многу популарна на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде го покажува својот луксузен живот.
Парот се запозна додека студирал во Дубаи е во брак повеќе од три години.