Почетна » Новости » Занимливости » Листови од алое вера - како правилно да ги користите?

Листови од алое вера - како правилно да ги користите?

Традицијата на користење на растението Алое Вера за здравствени потреби е стара со векови. Уникатните здравствени придобивки на оваа билка биле препознаени и од страна на Маите, Старите Грци, Египјаните и други цивилизации кај кои користењето на листовите од билката било применувано во третмани за лекување и одржување на здравјето и убавината. Современата наука, медицината и козметологијата денес ги имаат потврдено неверојатните придобивки на ова чудотворно растение. Затоа компаниите кои ги следат светските трендови, а се стремат кон избор на квалитетни природни препарати ги препознаваат и применуваат гелот или сокот од листовите од алое вера во создавањето на производи за здравје и убавина.

алое вера

Нутритивен состав на листовите од Алое Вера

Бројните научни истражувања од последните децении потврдуваат дека со користење на гелот од листовите се внесуваат повеќе од 150 нутриенти и други биоактивни молекули чие користење е добро за човековото здравје, што е потврдено дури и од страна на Светската Здравствена Организација.

Нутритивен и фармаколошки состав:

  • 20 различни аминокиселини;
  • 10 витамини (B1, B2, B3, B6, B9 (фолна кис.), B12 и холин, како и антиоксидатите A, C и Е);
  • 20 различни минерали (како Mg, Zn, Fe, Ca, Cu, K, N, Mn, Cr и др);
  • 16 ензими како (амилаза, протеаза, целулаза, липаза, брадикиназа, пероксидаза и др.) чие користење е важно за дигестијата и разградувањето на токсини;
  • муколитички полисахариди, антраквинони, фитостероли, сапонини и други фитохемикалии, чие користење е носител на важни здравствени дејства.

Здравствени придобивки од гелот од Алое Вера

Редовното користење на гелот може да помогне во:

  • заштита и одржување на здравјето и убавината на кожата;
  • заштита на органите од дигестивниот систем и подобрување на дигестијата (терапии за Хеликобактер Пилори, гастритис, опстипација и др.);
  • заштита и лекување на рани и воспаленија во усната шуплина;
  • подобрување на детоксикацијата;
  • подобрување на имунитетот;
  • подобра регулација на метаболизмот на масти и шеќер и др.

Како да ги изберете вистинските листови од Алое Вера

Постојат повеќе од 600 различни растенија од овој вид, но не се сите препорачани за користење од страна на човекот. Најдобри за користење се листовите од видот Barbadensis Miller, кои содржат најголем број и највисоки концентрации од горенаведените нутриенти. Пред користење важно е да ги изберете вистински листови кои треба да бидат цврсти, мазни, неоштетени и полни со гел. Исечете ги со чист, остар нож на дното на листот и употребете ги веднаш или чувајте ги во фрижидер за подоцнежна употреба.

алое вера

Вадење на гелот и употреба

Како се одвојува гелот?

Најдобро ќе го извадите гелот од листот алое со користење на тенок остар нож кој ќе го повлечете од двете страни под цврстата зелена кора на листот со цел да добиете едно парче – филет од листот. Внимавајте да не сечете многу блиску до зелениот дел, кората, бидејќи таа содржи и некои фитохемикалии кои може да имаат несакани дејства. Доколку не можете да извадите цело парче од внатрешноста на листовите, можете и со помош на лажица да го соберете целиот гел, повторно внимавајќи да не земете и дел од зелената кора.

алое вера

Подготовка на сок

Откако еднаш сте го издвоиле гелот од внатрешниот дел од листовите алое вера едноставно ставете ги во блендер и добро сомелете ги. На тој начин ќе добиете чист гел или сок кој зависно од потребата можете:

  • да го испиете чисто (одредена количина, препорачливо до 50мл по доза бидејки во поголема количина може да има лаксативно дејство),
  • да го искомбинирате со свежо овошје и зеленчук во вид на смуди, или
  • да го нанесте како тоник и гел на кожата или да го искомбинирате со други природни состојки и масла (како мед, маслиново или кокосово масло, масло од арган и други и повторно да го употребите за нега на кожата.

Чување на сокот/гелот

Сокот или гелот од алое мора да го складирате во фрижидер, најдобро во затворен стаклен сад (тегла) со цел да ги задржи својствата и да не се расипе. Силната ензимска активност во составот може да предизвика реакција со пластиката. Исто така, изложеноста на гелот на светлина и топлина може да доведе до загуба на квалитетот и својствата.

Примена на сок од лист од алое вера

Со употреба на листови од овој природен еликсир ќе помогнете во:

  • заштита и третман на усната шуплина од габични и бактериски инфекции, воспаленија, афти, гингивитис и воспаленија,
  • заштита и третман на кожата од црвенило, изгореници, егзема, псоријаза, декубитис и други иритации,
  • нега на кожата и нејзино хидрирање и спречување на појавата на брчки
  • заштита на стомакот (желудникот) и третман кај инфекции со Хеликобактер Пилори, при гастритис, воспаление на цревата и интолерантности на храна, диспепција за подобрување на варењето, притив рефлукс за смирување на желудечните киселини, спречување на опстипација (запек) и др.
  • стимулација на работата на црниот дроб и подобрувае на детоксикацијата,
  • подобрување на циркулацијата и одржување на добар баланс на метаболизмот на шеќер и масти.

Доколку сакате да почувствувате како гелот од алое вера може да го подобри и вашето здравје или здравјето и убавината на важата кожа побарајте некој од производите со алое вера од Naturatherapy.mk.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.