Кралицата Ранија и кралот Абдула II беа во работна посета на Турција.
Кралската двојка од Јордан беше пречекана од Реџеп Ердоган и неговата сопруга Емине.
На дипломатската средба во Истанбул, 48-годишната кралица носеше здолниште од Прада, свилена блуза од Ботега Венета и обувки од Џанвито Роси. 63-годишната турска прва дама беше облечена во бели панталони и палто во впечатлива црвена боја.
За претходната средба, Ранија избра еднобојна комбинација која ја надополни со чантичка од Диор.