Рут Коен и Шери Росенстејн, кои се најдобри пријателки уште од средношколските денови, забременија во исто време, а сега, на нивна радост, станаа сваќи.
Нивните деца, Меделин Коен и Адам Росенстејн, се заљубија и стапија во брак. Младенците се познавале уште од 4-месечна возраст, а ја започнале својата врска додека студирале.
Свадбата на Меди и Адам се одржа минатиот месец во Колорадо. „Чувствувам како да сме создадени еден за друг“ – изјавила Меди.
Иако се запознале уште како бебиња, Меди и Адам не биле многу блиски додека растеле, но преку нивните мајки секогаш биле во тек со сè што им се случувало во нивните животи. Адам вели дека се чувствувал како да живеат „чудно паралелни животи“.
„Кога јас ќе добиев награда за нешто на школо и Меди ќе добиеше награда во истата таа недела. Паднав и многу си ја повредив ногата, а Меди го направи истото тоа во истата седмица. Или ќе се разболевме истовремено. Отсекогаш се сеќавав на Меди како пријателка со која отворено можам да зборувам“ – рекол Адам.
Меди и Адам се зближиле на 14-годишна возраст, а нивното пријателство прераснало во љубов во студенските денови.
Во 2018 година, Адам ја запросил Меди на истата клупа во Сан Франциско каде позирале на 5-годишна возраст.
На свадбениот ден, двете семејства биле пресреќни. „Прекрасно е да ти се случи нешто толку радосно“ - рекла Рут.
„Свадбата беше како голем семеен собир, што го направи тој ден уште поспецијален. Отсекогаш се сметавме за семејство и сега навистина сме“ – изјавил Адам.