Дали сакате вашиот дом да биде безбедно и здраво место, каде што ќе се чувствувате заштитени од различни закани од надворешната средина? Чувството на сигурност и удобност е неизбежно поврзано со квалитетот на воздухот што го дишете. Благодарение на Hisense клима уредите со најсовремена технологија која ефикасно го регулира квалитетот на воздухот, температурата во просторијата е секогаш прилагодена на вашите потреби, а воздухот што го дишете е свеж, прочистен и оптимално влажен. Кажете им збогум на бактериите и вирусите, вклучително и SARS-CoV-2, бидејќи технологијата HI-NANO од Hisense клима уредите има моќ да ги елиминира сите.
Мисијата на овој бренд е со секој производ да им овозможи на корисниците подобро искуство што ги надминува нивните очекувања. Како прва компанија која произведува инвертер климатизери во Кина, со 25-годишна традиција на развивање и промовирање на инвертер технологијата, Hisense на своите корисници им обезбедува свеж и пријатен воздух во просториите каде што престојуваат без оглед на временските услови.
Обезбедуваат удобност, но се грижат и за вашето здравје
Климатизацијата повеќе не значи едноставно ладење на воздухот, бидејќи современите и паметни технолошки решенија на Hisense носат многу повеќе од удобна температура. Со ослободување на голема концентрација на јони, во количина од милион јони на еден кубен сантиметар, се создава здрава животна средина и се елиминираат ПМ 2,5 честичките, грините, чадот од тутунот и непријатните мириси. Исто така, на овој начин ефикасно се отстранува преносната прашина, додека високата ефикасност на овој метод во одржувањето на здравјето е потврдена со ценетиот меѓународен сертификат на истражувачката студија Texcell.
Свеж воздух секој ден
Благодарение на технологијата на прочистување на воздухот на повеќе нивоа, воздухот поминува низ повеќе филтри (филтер со катехин, ХЕПА филтер, филтер со сребрени јони и витамин Ц филтер) и секој од нив има функција да овозможи подобар и поздрав воздух. Различните филтри ги апсорбираат непријатните мириси, ги пресретнува и ефикасно и долгорочно ги стерилизираат честичките од прав и уништува повеќе од 95% од бактериите. Но исто така овозможуваат посвеж и почист воздух кој е здрав за кожата затоа што не предизвикува чешање, ја прави кожата помека и го намалува стресот.
Најсовремени карактеристики за најдобри перформанси
Иновациите на Hisense ви овозможуваат лесно и едноставно да го контролирате вашиот клима уред, сѐ што треба да направите е да ја инсталирате апликацијата ConnectLife, која е достапна на Google Play и App Store. Со неа можете да ги проверите температурата и влажноста во просторијата, да го усогласите циклусот на паметната климатизација или да активирате други паметни функции.
Повеќе не треба да се грижите за тоа како ќе го користите клима уредот. Со само едно копче, можете да го активирате паметниот режим на работа и да ги контролирате температурата, насоката на дување и волуменот на воздухот на сеопфатен начин. Кога не сте дома долго време, со функцијата за одржување на температурата на 8°C, можете да заштедите електрична енергија, да го заштитите мебелот и цевките за вода или да обезбедите пријатна температура за вашите миленици.
Дополнително, 360 DC инвертер технологијата овозможува интелигентна работа на клима уредите и ги минимизира загубите на енергија. Компресорот работи поефикасно и непречено, а контролата на температурата е попрецизна, додека нивото на бучава е помало.
Доверба од милиони луѓе ширум светот
Покрај извозот на производи во повеќе од 160 земји и региони, Hisense ги спонзорираше најголемите спортски настани во светот, како што се UEFA EURO 2016 и 2020 година и светското првенство на FIFA 2018 и 2022 година. Во кинеското глобално национално истражување на имиџот, спроведено од China International Publishing Group, Hisense беше именуван за еден од „десетте најпознати кинески брендови во странство“ пет години по ред.
Hisense е присутен на македонскиот пазар веќе две години и е препознаен како бренд кој има најдобар сооднос цена-квалитет, а на вас останува да се уверите во тоа.
Повеќе информации за Hisense клима уредите можете да најдете тука.
Комерцијален текст