Почетна » Новости » Занимливости » Керамика – вистински украс во секој дом!

Керамика – вистински украс во секој дом!

Керамиката е една од најстарите и најраспространетите уметности, истовремено и најтешката и најкомплексната уметност за реализација. Каков е процесот? Се обликуваат делата, па по првично сушење, се пече предметот на 1000°C, потоа се црта на испеченото дело, се нанесуваат бои стаклени глазури за различна температура и следи печење во специјални печки на висока температура.

Со керамиката никогаш не си сигурен што на крај ќе излезе. Секогаш е еден вид на магија! При првото печење, делото може да пукне, но најчесто кога знаеш што сакаш и го владееш процесот, излегуваат фантастични уметнички дела, кои едноставно воодушевуваат”, вели Елеонора Дуљанова, керамичар и применет уметник, која веќе втора деценија со прекини поради други проекти изработува дела од глина, брошови од кожа, црта на свила и перничиња, но и на парчиња облека.

Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова

Таа изработува керамички вазни, садови и други украсни предмети, кои се безвременски и се вистински украси во домот. Уникатни парчиња на уметност кои се трајна вредност! Керамиката е позната уште од палеолитоти антички времиња, како познатите Венери вилендорвска, нашата Мајка божица од Тумба Маџари и други предмети и садови, кои никогаш не губат на вредност и токму затоа се неизоставен дел од домовите. Традицијата на изработка на керамика најмногу се почитува и цени во развиените и побогати земји.

Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова Дела на Елеонора Дуљанова

Керамичките дела се едни од најстарите материјали кои некогаш биле произведени од страна на човештвото. И покрај нејзината древност, керамика и денес има голема побарувачка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21639 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.