Почетна » Новости » Занимливости » Како на филм: Жена од Хрватска се породи пред семејната куќа со помош на сопругот

Како на филм: Жена од Хрватска се породи пред семејната куќа со помош на сопругот

Хрватка имаше уникатно породување како од филм пред семејната куќа во Пакоштане, Задар.

Барбара Вукоје не можела да издржи да стигне до болница и го родила третото дете на улица со помош на сопругот Тихомир, кој претходно велел дека не сака да присуствува на породувањето. Фотографиите од овој момент го обиколија регионот.

Барбара и Тихомир Вукоје

Барбара била многу смирена за време на целото искуство, а Тихомир изјавил дека таа сите ги координирала додека раѓала, знаејќи сè што треба од претходните породувања.

„Сè започна во петокот, околу осум часот наутро. Станавме и сопругата ми рече дека започнаа контракциите и дека ќе се породи, но дека нема голема причина за паника, бидејќи беше големо растојанието меѓу контракциите.“

„Им подготвив на другите наши деца појадок и сè. И сопругата започна да се подготвува. Ги одведов децата кај моите родители кои живеат во куќа веднаш до нашата. Кога се вратив, контракциите нагло скокнаа, од растојание од 10 минути на 2 минути, веќе од болки не можеше ништо, ниту да оди. Сакавме да ја викнеме кумата која е акушерка, но не можеше веднаш да дојди затоа што и таа има три деца, па тргнавме сами“ – рекол тој.

Братот на Тихомир го подготвил автомобилот и тие започнале да слегуваат од вториот кат, а тогаш ѝ пукнал водењакот на Барбара. Таа го смирувала Тихомир, кажувајќи му дека нема простор за паника, бидејќи плодовата вода е чиста.

Парот успеал да помине само неколку метри со автомобилот пред бебето да започне да излегува. Барбара се породила на улица, координирајќи ги сите што треба да прават.

„Сопругата нè координираше додека раѓаше... Дојдоа и моите родители и сите помагаа. Така започна да се породува и во еден момент ми рече да го фатам бебето, дека излегува! За првпат бев на породување, ѝ велев дека не сакам да бидам на породувањата, дека тоа не е за мене и еве што се случи“ – раскажал возбудениот татко.

Барбара и Тихомир Вукоје

„За среќа жена ми е доста смирена, мене ме фати нервоза и признавам дека бев лут сам на себе што не тргнавме порано кон болницата“ – додал Тихомир.

Кога пристигнале медицинските лица, се изненадиле, бидејќи мислеле дека жената сè уште се пораѓа, а не дека бебето е веќе родено.

За среќа, сè завршило во најдобар ред. Бебенцето го добило името Клара.

Барбара и Тихомир Вукоје

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.