Почетна » Новости » Занимливости » Како Ел Вудс: Адвокатка била дискриминирана затоа што носела розово, сега има своја фирма и носи сé што ќе посака

Како Ел Вудс: Адвокатка била дискриминирана затоа што носела розово, сега има своја фирма и носи сé што ќе посака

Адвокатката Кејтлин Мартинез е доказ дека облеката не ги дефинира луѓето и дека секој може да носи сé што ќе посака.

Откако била дискриминирана од колегите и отпуштена од работа од шефот затоа што се облекувала во розово, 31-годишната Американка основала своја правна фирма. Таму сите вработени се охрабрени да ја истакнуваат својата женственост и преку облеката и преку шминката.

Мартинез руши предрасуди и му пркоси на „конзервативниот“ дрес-код во нејзината индустрија.

Кејтлин Мартинез Кејтлин Мартинез

Неодамна, Кејтлин отвори свој TikTok профил каде споделува видеа кои ја направија хит.

@attorneymartinez #pink #OverwatchMe #empowerment #fyp ♬ tiptap foot transition - the yonn don.

„Во адвокатската фирма каде што работев претходно, мојот шеф постојано коментираше за мојот изглед. Тој јасно ми кажа дека поради начинот на кој се облекувам, нема да бидам сериозно сфаќана. Еднаш носев зелен фустан и истата личност ми рече дека нема да ме придружува на суд додека не се пресоблечам во фустан во поскромна боја. И покрај тоа, го носев зелениот фустан и на судијата му се допадна“.

„Правото може да биде стресно, па да се забавувам со мојот стил ми помага повеќе да уживам во мојата работа“ – рекла таа.

@attorneymartinez #lawyer #pink #fyp #foryou #viral ♬ FLESH. - Fnatylqrd
@attorneymartinez #ootd #lawyer #fyp ♬ So Pretty x Candy Shop by L BEATS - DJ L Beats

„Работев за менаџер кој петпати го полагаше правосудниот испит, па кога јас го положив, не му се веруваше. Буквално ми рече дека не му се верува дека положив“.

„На мојата прва работа, шефот ме отпушти затоа што не се вклопував во конзервативната култура и одбивав да му направам кафе. Затоа си основав своја фирма каде ќе можам да носам што и да посакам и му ги презедов клиентите на мојот претходен шеф “ – раскажала Мартинез.

Кејтлин Мартинез Кејтлин Мартинез

Кејтлин има речиси еден милион следбеници на TikTok, а многу често е споредувана со Ел Вудс од „Legally Blond“. Таа и самата вели дека се вљубила во филмот првиот пат кога го гледала.

„Имав можеби 10, 12 години. Го обожавав тој филм и отсекогаш сакав розово, отсекогаш ја сакав модата. Од мало дете знаев дека сакам да бидам невообичаена. Сакав да направам нешто што ќе остави отпечаток на овој свет и во мојата заедница“.

„Кога започнав да објавувам содржини од мојата фирма и од нас облечени во розово, не очекував масовна вирална реакција од другите правници и генерално од жените.“

„Околу 2 до 3 илјади жени побараа да работат за нас, бидејќи чувствуваат дека не се вклопуваат таму каде што се. Се чувствуваат омаловажени, како да не се доволно паметни. Така се чувствував и јас додека работев со машки адвокати кои правеа да се чувствувам како да не сум доволно добра, како да не сум доволно паметна, или како да треба да сум или убава или паметна, или женствена или паметна, како да не можеш да си и двете. Тоа е лудо. Не ми се верува дека сè уште ги имаме овие разговори во 2023 година“ – рекла таа.

@attorneymartinez #lawyer #feminism #ReTokforNature ♬ original sound - traevion
@attorneymartinez #CapCut #lawyer #girlpower #girlboss #fyp ♬ original sound

Неодамна, Мартинез им направи забава инспирирана од „Legally Blond“ на своите вработени.

Кејтлин Мартинез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.