Почетна » Новости » Занимливости » Интервју со Жименез: Целта во ЕФИС ни е покрај знаењата да добиеме и граѓани на утрешнината

Интервју со Жименез: Целта во ЕФИС ни е покрај знаењата да добиеме и граѓани на утрешнината

Учениците кои се школуваат во ова училиште кога ќе го завршат образованието ќе имаат ниво кое ќе биде еднакво со она на учениците во Франција, а добиваат и двојна диплома, француска и македонска, со што слободно можат, доколку сакаат, да го продолжат средното образование во македонскиот образовен систем,

Француското Интернационално Училиште од Скопје (ЕФИС) во моментов има 100-тина ученици, поделени во 9 одделенија. Училиштето ги собира на едно место учениците од Прва мала група од француската градинка до 9-то одделение (предметна настава) и повеќе од 20 години работи со ученици од двегодишна возраст па нагоре. Акредитирано е од француското министерства за образование и работи според француските закони и практики. Воедно согласно потпишан меморандум со Министерство за образование и наука на Македонија, Француската амбасада и ЕФИС, дипломите се признати и кај нас.

„Предизвикот да се работи во Француското Интернационално училиште е сите ученици да постигнат ниво како учениците во училиштата во Франција“ - вели низ разговор педагошкиот директор на Француското Интернационално Училиште од Скопје (ЕФИС), Пјер Жименез.

Пјер Жименез

Каква е француската програма и што ја прави поразлична од другите?

Пјер Жименез: Ние сме училиште кое е акредитирано од Министерството за образование на Франција, односно ја спроведуваме истата програма од Малата група во градинката кога децата имаа 2-3 години до 9то одделение во предметната настава, поточно 15 години. Француската програма е организирана по циклуси, имаме настава од 2 до 15 години и целта ни е да децата ги воспитаме во идни совесни граѓани преку програмите по сите училишно предмети, од математика, француски јазик, историја, географија, музичко, физичко, буквално цела палета на програми. Токму тие програми на децата им овозможуваат да го изучат францускиот јазик, секако, но исто и со стекнување на сознанија од различни култури на пример математичката култура, историската култура, култура за уметноста и музиката, да имаат критички однос кон тоа што го прават. Всушност тука го имаме целиот француски дух и култура! Целта ни е покрај знаењата да добиеме и граѓани на утрешнината!

Кои се предностите на настава на француски јазик?

Пјер Жименез: Францускиот јазик се зборува во многу места во светот, а секако целта на ЕФИС училиштето е со учење на нов јазик ученикот да постигне отворање кон светот. Се наоѓаме во земја која цели да биде дел од Европската Унија, да се развие на светско ниво, и Македонците секако преку јазиците учат да комуницираат со Европа, со светот и затоа францускиот јазик е важен за нив. Учениците кои учат кај нас кога ќе го завршат образованието ќе имаат ниво кое ќе биде еднакво со она на учениците во Франција. Ќе се здобијат со француски дипломи признати во Франција и во светот со кои ќе имаат пристап до многу функции, понатаму важна и е француската хуманистичка култура.

ЕФИС

Покрај францускиот, се изучува ли во ЕФИС и македонскиот јазик?

Пјер Жименез: За македонските ученици важно е да се каже дека имаме договор со македонското Министерство за образование и наука односно учениците што излегуваа од кај нас можат да продолжат по македонскиот државен образовен систем. Имаме часови по македонски како мајчин јазик со одлична застапеност. Можам да речам дека учениците излегуваат со двојна диплома, француска и македонска. Истото можам да го кажам и за англискиот јазик, учениците без проблем го зборуваат и полагаат официјални дипломи на тој јазик. Всушност, ЕФИС е одлично училиште кои нуди широк спектар на образование и затоа ги покануваме родителите да дојдат кај нас за да ги запознаеме со сите наши предности како училиште.

Вие од Франција дојдовте тука да бидете педагошки директор, што е она што најмногу ви се допаѓа во Македонија?

Пјер Жименез: Има многу работи кои ми се допаѓаат во Македонија. Особено ја сакам културата. Мала земја каде има многу што да се прави на културен план а работата со децата е интересна и лесна. Има многу интересни мали градови. Скопје е убав и пријатен град, заедно со реката Вардар. Градовите како Охрид се богата културна ризница, но има и убава природа и места за релаксација, на пример мојот одмор го поминав во Маврово. Имам уште да откривам од оваа прекрасна земја која иако мала има многу работи кои треба да се видат! И секако менталитетот на луѓето е добар и примен сум навистина одлично во средината. Омилена реченица на македонски јазик ми е "Нема проблем!" тоа значи дека сè е можно и сè може да се направи. Кога имаме потешкотии сè може да се среди и постигне. Може да се најде некој да помогне. Значи, секогаш "Нема проблем!".

Повеќе информации за ЕФИС можете да ги најдете на www.efis.mk

Видео од училиштето:

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.