Почетна » Новости » Занимливости » „Имам 30 години, не сум омажена, немам деца... И тоа е ОК“: Блогерка потсетува дека секој има различни приоритети

„Имам 30 години, не сум омажена, немам деца... И тоа е ОК“: Блогерка потсетува дека секој има различни приоритети

Понекогаш од љубопитност, понекогаш од грижа, понекогаш под влијание на нормите наметнати во општеството... луѓето поставуваат прашања кои не се соодветни и можат да побудат непријатни чувства. Неретко слушаме прашања од типот „Кога деца?“, „Кога второ дете?“, „Мажена си?“, но иако тие можеби не се кажани со лоша намера, делуваат негативно кај соговорниците.

Лиен Вард е една од личностите кои постојано добива такви прашања, па одлучи да напише краток текст за тоа на Instagram. Популарната нутриционистка им порачува на луѓето да ги заменат личните прашања со прашања од типот „Како си?“ и „Дали си добро?“.

Лиен Вард

Во ред е

Зошто луѓето кои не сме ги виделе подолго време, или пак дури и личности кои воопшто не ги познаваме, нè прашуваат дали сме омажени и дали имаме деца? Постојано добивам пораки од непознати кои ме прашуваат за мојата врска, ме прашуваат кога ќе се омажам, ме прашуваат зошто сè уште немам деца. Да бидам искрена, тоа нервира и е навистина некултурно.

Дали тоа е работа на другите луѓе? Зошто чувствуваат потреба да коментираат за мојот живот? СРЕЌНА сум и искрено, тоа е она што е навистина важно.

Ако сакате да му поставите прашање на некој кој не сте го виделе долго време, или полошо, на некој кој воопшто не го познавате, прво прашајте: „КАКО СИ?“ или прашајте дали е среќен или дали го живее најдобриот живот. Прашајте го дали е ОК. Можеби сте првата личност која го прави тоа.

До сите мои дами (и мажи) кои чувствуваат дека заостануваат во животот... верувајте ми ТОА НЕ Е ТАКА! Иако можеби ви се чини дека сите околу вас стапуваат во брак, добиваат деца или стареат... тоа е само ваш фокус. Верувајте ми дека еднаков број на луѓе започнуваат нова врска, раскинуваат, се враќаат на факултет, започнуваат факултет, патуваат низ светот, даваат отказ од работа за да ја променат кариерата и да го прават она што навистина им ја распламтува душата. Не постои правилно или неправилно во животот – треба само да го дадеш најдоброто од тебе и искрено НАЈВАЖНО Е да сте СРЕЌНИ.

Ова е само потсетник дека без разлика каде сте во животот, НЕ заостанувате. Не сте понапред. Не сте на врвот. Не сте на дното. Вие сте онаму каде што треба да бидете.

Ајде да престанеме да им поставуваме прашања на луѓето поради кои ќе се чувствуваат како да се подолу. Наместо тоа да започнеме да ги прашуваме како се, бидејќи љубезноста е она што е навистина важно.

Лиен Вард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21703 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.