Почетна » Новости » Занимливости » Иако користела контрацепција, зачнала 6 пати во 5 години

Иако користела контрацепција, зачнала 6 пати во 5 години

Млада мајка забременила шест пати во текот на пет години, и покрај тоа што користела неколку методи за контрацепција. 23-годишната Џема Потер ги изненади докторите, затоа што забременувала и покрај тоа што користела контрацептивни таблети, спирала, инјекции со прогестерон, кондоми и импланти.

Таа и нејзиниот сопруг Глен сега имаат три деца, а Џема во изминативе години двапати го изгубила плодот. Во моментов таа е бремена со нивното четврто дете.

Џема, Глен и трите нивни децаЏема, Глен и трите нивни деца

Младата мајка ги обвинува докторите, бидејќи не ја сфаќале сериозно за да ѝ понудат ефективна заштита. Таа вели дека честото забременување влијае многу негативно на нејзиниот сексуален живот, затоа што со Глен се плашат дека секој однос може да заврши со нова бременост.

Кога се запознала со својот сопруг во 2006 година, Џема користела контрацептивни таблети, но само три месеци подоцна забременила со нивното прво дете. И двајцата си помислиле дека тоа може да се случи само еднаш. Во мај 2007г. таа продолжила да пие контрацептивни таблети, но во август забременила со ќерката Џесика, која се родила во мај 2008г.

По раѓањето на второто дете, Џема се обидела да се заштити од непланирана бременост со спирала и друг бренд контрацептивни таблети, но наскоро зачнала повторно и го изгубила бебето.

Потоа се обидела со контрацептивни инјекции кои ѝ биле ставани на секои 12 седмици, но и покрај тоа забременила со втората ќерка, Софи. Кратко време по раѓањето на Софи, Џема имала вонматерична бременост и го изгубила бебето.

И покрај тоа што парот имал секс само трипати во периодот од септември, Џема повторно е бремена со нивното четврто дете, иако користела контрацептивни таблети.

„Ги сакам моите деца, но не сакам повеќе. Не можам да излезам на пијалак со пријателите затоа што постојано сум бремена. Исто така, немам работа, ниту кариера. Кога ќе помислам на другите луѓе кои не можат да имаат деца, се чувствувам ужасно. Некои се обидуваат со години и не им е судено да се случи, а јас не можам да престанам да забременувам“ – пишува Daily Mail, цитирајќи ја Џема.

„Секогаш е шок кога Џема ќе ми каже дека е бремена, но сум среќен да се грижам за неа и да ја поддржувам“ – дополнил Глен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.