Инспирирана од желбата на многу жени да ги следат своите љубовни партнери, Британката Ребека Сатон создала женска детективска агенција.
25-годишната Ребека ја основала агенцијата пред 6 месеци и со помош на нејзините вработени до денес има фатено многу неверни мажи.
Нејзината армија од жени постојано ги следи мажите, а Ребека дури нуди и услуга за поставување на „стапица“. Оваа услуга е наменета за жени кои сакаат да дознаат дали нивниот партнер некогаш би ги изневерил ако има можност за тоа.
„Нема никакви шанси да се чувствувам виновна што ги местам мажите, ако паднат во стапицата не треба да обвинуваат никој друг освен самите себе. Јас не сум мажомразец и не сум уништувач на семејства. Ако немаше побарување за работата што ја работам, тогаш немаше да имам работа, но постојат многу неверни партнери“ – изјавила Ребека.
Таа ја увидела потребата за ваква агенција кога започнала да се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува.
„Пред 5 години, кога бев бремена со мојата ќерка Парис, започнав да се сомневам дека мојот бивш сопруг има афера. Тој исчезнуваше со денови и го исклучуваше мобилниот за да не можам да контактирам со него.“
„Се јавував во детективски агенции, но сите беа раководени од мажи кои ме правеа да се чувствува како глупачка, а и нивните цени беа премногу високи.“
„Тогаш решив да дејствувам сама, зедов неколку пријателки и решивме сами да го следиме мојот сопруг. Го видовме како се плетка со многу различни жени пред неколку ноќни клубови и иако немаше афера, нашата врска се распадна“ – раскажала Ребека за DailyMail.
Најголем дел од клиентките на Ребека биле во право што се сомневале во своите партнери. „Повеќето мажи кои ги следиме имаат афера, а околу половината паѓаат во стапицата што им ја поставуваме, но сепак најголем дел од клиентките решаваат да останат со нив. Понекогаш е многу важно да ја извадиш аферата на виделина за парот да може да започне да работи на повторното градење на врската“ – признала 25-годишната детективка.